Кумановец приведен на скопскиот аеродром

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 20.00 часот на ГП Аеродром „Александар Велики“-Скопје, по извршена проверка, било констатирано дека лицето С.З. (25) од Куманово евидира со мерка „Апси, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што велат од полицијата, е лишено од слобода и во 21.30 часот е предадено на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.