Кумановец претепан откако опоменал сограѓани да не фрлаат отпушоци

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (23), Б.С. (25) и Д.С. (20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 27.09.2016 година околу 16.20 часот, откакко дошле пред месара на ул. „Иво Лола Рибар“ во Куманово и фрлиле отпушок од цигара, биле опоменати од оштетениот С.А. (21) од Куманово да не фрлаат отпушоци, истите со употреба на физичка сила го нападнале удирајќи го во пределот на главата и телото по што му нанеле телесни повреди.