Кумановец претепал и ограбил жена во Кавадарци

Кумановец претепал и ограбил жена во Кавадарци


Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против С.К. (38) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, информираат од Министесртвото за внатрешни работи.

На 14.11.2016 година, околу 19,15 часот, на ул. „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, пријавениот со употреба на физичка сила удирајќи ја со рака во пределот на главата од оштетената Р.Л. (64) од Кавадарци одзел паричник и во кој имало документи и пари во вредност од 700 денари, и истиот се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.000 денари.


Последни наслови

Facebook Comments