Кумановец остана без нарачана роба преку интернет

Сподели со своите пријатели

Три рачни часовници и два мобилни телефони со ознаки на заштитени трговски марки се задржани и привремено одземени, откако Царинската испостава во Пошта Скопје извршила контрола на 3 пратки од кои една од Холандија, една од Малезија и една од Сингапур, наменети за физички лица од Скопје, Струмица и Куманово.

Во сите случаи производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи ќе бидат започнати постапки за утврдување на нивната оригиналност.

Триесет и едно парче облека се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автобус, што сообраќал на редовна линија Белград – Скопје, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, пронајдени во 12 најлонски кеси, сместени во просторот за вентилација над задните седишта на автобусот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.