Кумановец нелегално продавал зимзелени садници

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.М. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 17.03.2017 година, на место викано „Слупчански бунар“ во село Слупчане, со теренско возило „Застава“, чувал и се обидел да растури поголема количина на декоративни зимзелени садници во вредност од 137.280 денари, за кои знаел дека биле внесени во Република Македонија без да бидат платени царинските давачки и акцизи во износ од 40.909 денари.

За таа сума го оштетил го Буџетот на Република Македонија.