Кумановец лишен од слобода на скопскиот аеродром

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 20.00 часот на Граничен премин Аеродром „Александар Велики“ – Скопје, од Холандија преку Истанбул со реадмисија допатувал С.М. (21) од Куманово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по извршена проверка, било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка „АПСИ“. Лицето било лишено од слобода и во 23.15 часот, со потврда за предавање на лице, било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошнапостапка.