Кумановец ќе одговара за злоупотреба на службената положба

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Г.(34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Пријавениот на 28.02.2017 година како застапник при царинење во фирма од Куманово, на барање на Д.В. од Куманово да му изготви документација и да го застапува пред надлежните царински органи при царинење на увезено возило, му ја наплатил целокупната сума на пари кои требало да ги уплати како царински давачки во износ од 45.335 денари. Потоа пријавениот изготвил фалсификувана царинска декларација која не ја завел во електронска база на податоци и ставил измислен референтен број, по што ја заверил со службен печат од фирмата и ја потпишал со фалсификуван потпис од неговиот колега и работодавец М.Ј., а за да го убеди Д.В. дека е вистинска на царинската декларација впишал царински броеви што ги препишал од претходно уредно изготвена царинска декларација, со што се стекнал со противправна имотна корист од 45.335 денари.