Кумановец ќе одговара за злоупотреба на лични податоци

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А. (36) од Куманово, за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот спротивно на одредбите за лични податоци, без согласност на С.А.со која бил во љубовна врска, на социјалната мрежа ,,Фејсбук”, креирал три лажни профила на кои прикажувал фотографии од оштетената, од нејзиниот брат, фотографии од малолетното дете на нејзиниот брат, оставајќи разни коментари како и пораки со навредлива содржина, а со намера да и наштети на нејзината чест и углед.