Кумановец ќе одговара за затајување на над половина милион денари

Сподели со своите пријатели

Полициска станица Струга поднесе кривична пријава против Д.С. (56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на 2014 и 2015 година во својство на претседател на Заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“ во Струга. Тој, бесправно за себе присвоил парични средства кои му биле доверени по основ за гориво, телефонски сметки, храна и слично, со што ја оштетил заедницата и се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 563.070 денари.