Кумановец избегал од Психијатриската болница во Скопје

Сподели со своите пријатели

На 20.10.2017 година во Полициската станица Карпош било пријавено дека околу 17.50 часот, Г.К.(46) од Куманово, кој бил сместен во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Скопје, самоволно ја напуштил болницата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за пронаѓање на лицето.