Кумановци нападнале сограѓанка, па и го украле златниот накит

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С. (37) од Куманово и едно непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 30.03.2017 година околу 04.30 часот, на ул. ,,Доско Молер” во Куманово, Н.С. заедно со непознатото лице ја пресретнале Е.П. (37) од Куманово, физички ја нападнале и притоа и одзеле златен ланец со привезок златен крст, како и две златни обетки.