Кумановци ќе одговараат за предизвикување општа опасност

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ќ.З. (31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и М.З. (54) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска “предизвикување општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 12.09.2016 година во 08.30 часот во дворот од куќата на М.З. во селото Романовце, Ќ.З. испукал еден куршум во воздух од пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,62 мм. Пиштолот бил во сопственост на М.З. и го поседувал со дозвола, а истиот лично му го дал на Ќ.З. откако ставил еден куршум во него.