Кумановци и вечерва ќе протестираат против аболицијата

Сподели со своите пријатели

По осми пат во организација на граѓанското движење „Протестирам“ вечерва ќе се одржи протестен маш како резултат на одлуката на претседателот Ѓорге Иавнов за аболиција на политичарите.

Протестот и вечерва ќе започне во 18:30 пред зградата на Освнониот суд каде по улицата „11-ти Октомври“ ќе бидат фрлени ќеси со бои, по што ќе следува марш низ улиците во централното градско подрачје.

Сообраќајот паралелно ќе биде затворан во зависност од тоа каде се движат протестантите.