КУМАНИ – Повеќедецениска поддршка на спортот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кон крајот на осумдесетите годидни, под влијание на големата експанзија на навивачкото движење во бивша СФРЈ, се појавуваат и првите полаги групи ( “Ultras” ; “Eagles” ; “Front” ; “Sokolanci”… ). Во 1989год. Овие групи се обединуваат и се нарекуваат со единствено име “Delta Force”. Оваа име не се задржува многу, бидејќи на 18.02.1990год. со историска одлука навивачите од Куманово се нарекуваат “КУМАНИ“ ( според името на племето кое некогаш живеело на просторот на денешно Куманово ) Со новото име, име кое претставува синоним за навивачката приврзаност кон својот клуб, започнува нова ера во навивачкото движење, нешто ново и до тогаш невидено на севкупната македонска навивачка сцена.

 

Loading...

Во тоа време за македонските услови се прави колосалниот и најубавиот транспарент “КУМАНИ – ЗАПАД“ кој и денес претставува носечки, ударен и препознатлив симбол на кумановските навивачи. Се палат првите факели во историјата на македонското навивање, што подоцна го следат и останатите навивачки групи во земјата, се изработува најголемото навивачко знаме во Македонија, кое прекрива цела една трибина, се прават големи барјаци, се купуваат петнаесетина тапани и фудбалскиот и ракометниот клуб се следат на скоро секое гостување. “Кумани“ , први меѓу навивачите се регистрираат како здружение на граѓани со своја жиро сметка, печат, добиваат канцеларија.

 

 

Во следниот период се случуваат ред инциденти, нереди, прекинати натпревари, што кулминира на госувањето во Св.Николе, на фудбалскиот натпревар Овче Поле – Куманово, по што се уапсени повеќе од 30 навивачи. СОФК на град Куманово забранува организирано присуство на членовите на “КУМАНИ“ на било кој натпревар во градот.

Сето ова негативно се одразува на дел од навивачите, меѓутоа не успева да ги разбие “КУМАНИ“, кои остануваат верни на својата “западна трибина“ и успешно го продолжуваат своето опстојување. Беше сочуван костурот на групата проширен со нови, помлади членови кои континуирано ги пополнуваат редовите.

 

 

Loading...

Периодот кој следува потоа е само континуитет во развојот на групата. Станува збор на таков амбиент, ретко виден дури и во познатите и рекомирани европски центри. Во долго и незаборавено сеќавање ке остане декорот на трибините, оплеменет со пиротехника, 7400 свеќи во рацете на навивачите, десетици прекрасни кореографии, клубски знаменца, развиорени знамиња, звучни навивачки помагала, тапани, расфрлени конфети и други навивачки реквизити, но и пеколна навивачка атмосвера, која “КУМАНИ“ ја приредуваат од натпревар во натпревар, од сезона во сезона. Сето тоа допринесува во седоната 1998 / 1999 година Спортската редакција на телевизија “СИТЕЛ“ навивачката група “КУМАНИ“ да ја прогласи за убедливо најдобра во Македонија и на водачот на групата пред натпреварот на репрезентациите на Македонија и Унгарија, да му предаде Пехар.

 

 

Времињата се менуваат, но спортските настани без “КУМАНИ“ никогаш не би биле истите. Би биле осиромашени и недоречени. Беа во “Соколана“, ке ги сретнете на “Градскиот стадион“ или пак во “Спортската сала“ и секаде онаму каде што се и спортистите на Куманово, останувајќи верни на својот слоган “НИКАД НЕМА ДА СИ САМО МОЕ КУМАНОВО!“