Кумани ќе ги бојкотираат натпреварите на КК Куманово, Божиновски обвини за препродавање билети

Сподели со своите пријатели

Навивачката група Кумани од денеска најави бојкот на сите натпревари кои ќе ги игра Кошаркарскиот клуб Куманово, како што велат се додека претседателот на клубот Виктор Божиновски не поднесе оставка од функцијата.

Евидентно беше и нивното вчерашно отсуство од натпреварот Куманово – Карпош Соколи, каде се појавија само во второто полувреме и истакнаа транспарент против актуелниот претседател, скандираа и си заминаа.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи навивачката група вели дека оваа одлука е донесена поради несоодветно воедење на клубот.

– Оваа одлука е донесена поради несоодветно водење на клубот и катастрофалните порази што доведуваат до сомнеж кај кумановската публика. Како на пример првиот натпревар против КК Левски, водевме 20 разлика и за пет минути загубивме. Исто и со КК Работнички, целиот натпревар воедевме и на крајот нерешено. Дали тука нешто е сомнително? Исто така именуваниот господин нема никакво искуство со кошарката или било кој спорт. Кумановскиот народ сака полна сала, добри резултати, но со ваков претседател одиме во пропас. Ние не профитираме од овој клуб, ние живееме за КК Куманово и нема да дозволиме некој да си игра со нашие емоции. Ако му мисли добро на клубот под итно да си даде оставка и да дојде некој кој навистина се разбира и да го мрдне клубот од мртва точка, стои во соопштението на навивачката група Кумани.

Ваквата реакција на Кумани наводно доаѓа, откако не ги добиле бесплатните влезници за последниот натпревар одигран на домашен терен.

 

Loading...

 

Став побаравме и од претседателот на КК Куманово, Виктор Божиновски кој вели дека првин групата воопшто нема започнато процес за регистрација како навивачка група согласно законските прописи и кога треба со нив да се разговара не е јасно кој раководи со групата и кои им се основните потреби и задачи.

– Второ, целосна инсинуација се наводите дека причината за нивното недоаѓање е тоа што КК Куманово има лошо резултати и моето неискуство во спортот од причина што КК Куманово во изминатите сезони имал и подобри и полоши почетоци на сезоната па завршувал 4 пати како финалист на разни натпреварувања, а јас раководам со клубот 6 години, период кој е подолг отколку неколкуте момчиња што сега се претставуваат како водачи на групата воопшто биле членови на истата, Трето, основна причина за ваквата нивна одлука е фактот што од клубот за секој домашен натпревар добиваат „гратис” влезници за навивање, но истите наместо да ги искористат за таа намена во салата на последните 5-6 натпревари присутни се 30-40 навивачи додека другите карти се препродаваат што патем, претставува кривично дело, и воопшто не постои никаков интерес за навивање а на клубот му е непознато каде завршуваат тие финансиски средства, Четврто, Куманово како град е познато со децении наназад како кошаркарски центар на Македонија, град во кој вистинските љубители на кошарката доаѓаат на натпревари без никакви лукративни причини, туку напротив дури и му помагаат на клубот со целото свое знаење па дури и финансиски, луѓе од кои се додека ја имам подршката нема да отстапам пред вакви ефтини напади од личен интерес. Сосема на крајот, Куманово се сака и кога победува и кога губи, вели Божиновски за Кумановски Муабети.

Инаку, од досега одиграните натпревари КК Куманово во домашниот шампионат бележи два порази и една победа.