Куќа од само 7 квадрати, но внатре има се што ви е потребно (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Дека во само неколку квадрати можете да си организирате живот, покажува и примерот на архиектот и дизанјер Марк Пјераци, сопственик на најмалата куќа во Италија. неговата куќичка имено има само седум квадрати.

 

Loading...

 

Неговиот дом е изграден уште во 1700 година. Пјераци го откупил од опатијата Свети Петар. Личела на вистински кошмар. Дрвените греди попуштиле, млатерот од ѕидовите се рушел на подот, со еден збор како да не е средувана од времето кога е подигната.

Приказната за најмалата куќа во Италија била актуелна уште во 2014 година, но рекордот го во својата величина го држи и ден денес.

Влезете во најскапата куќа во Европа (фото+видео)

Иако е толку мала, нејзините модерни решенија ја прават најкреативна и најелегатна. Идејата на Марк била да се искористи висината на куќата. Така во седум квадрати сместил трпезарија, кујна, бања, а спалната соба е подигната на галерија.

 

 

Скалите кои водат во спалната соба имаат уште две намени, затоа што вистината на скалилата е одредена за потребната висина на поткровјето, но и висината на скалила за седење со мала маса која се наоѓа покрај нив, а зад која може да седнат дури и четири лица.

Кога масата на се употребува може да се закачи на ѕидот и да се заштеди простор.

 

Loading...

 

Просторот под скалилата е искористен за полици во бањата, која е доволно удобна за туширање.

Поткровјето има и „тавански врати“ кои ноќе може да се спуштат за да некој не падне по скалилата. Креветот може да се претвори во софа и тогаш спалната соба со телевизор закачен на ѕидот добива улога на дневна соба.

 

 

Прејоци проблемот со куферите го решил така што над влезните врата поставил кукичка.

https://www.youtube.com/watch?v=AFHWx8X0c4w