Крвавиот остров се уште крие тајни: По 400 години откриени нови скелети на бруталното масовно убиство (видео)

Сподели со своите пријатели

Под песокот на островот Бикон се кријат трагите на брутално, крваво минато, поради кое островот во Индискиот океан го нарекуваат Гробницата Батавија.

Научниците ископале уште пет скелети од жрвтите на првото масовно убиство во Авсралија, кое се случило по несреќа на холандскиот брод „Батавија“ во 1629 година, најкрвавото во историјата на тој континент.

 

Loading...

 

Во оваа новооктирена гробница се наоѓаат посмртни остатоци од пет лица. За разлика од останатите скелети од Бикон, убаво се поредени и без траги на насилна смрт.

Изгледа дека починале од дехидрација пред да започне крававиот хаос. Интересно е што сите тела се погребани на поинаков начин, вели Ал Патерсон, археолог.

 

 

„Батавија“ патувала за Јава кога ударила на гребен 40 километри од брегот на Западна Австралија. Се удавиле околу 40. луѓе, но од оваа точка многу полошо минале оние кои успеале да пристигнат до островот Бикон.

 

Loading...

 

Капетанот Франциско Пелсарт знаел дека сите се осудени на смрт ако не најдат вода и храна, па се препуштил во потрага и оставил 282 преживеани мажи, жени и деца. Луѓето три месеци чекале спас, а за тоа време биле масакрирани, силувани и убивани.

 

 

Имено, во отсуството на капетанот се наметнал трговецот Јеронимус Корнелиз. Три месеци ги тероризирал преживеаните и убивал жени, мажи и деца. жените минале стравично, многу биле зарботени за да бидат силувани. Убил околу 115 луѓе пред една група бунтовници да го зароби.

 

 

Откако Пелсарт се вратил, повторно бил воспоставен ред. Корнелиз и негоовите џелати биле обесени. Островот до денес го следи името Гробницата Батавија или Островот на смртта.

Ниту 400 години подоцна арехолозите не можат да кажат дека мистеријата од овој остров е решена. Се уште не се знае колку посмртни остатоци лежат во песокот. Ископувањата продолжуваат.

Loading...