Крстот за „Водици“ ќе се фрла во Затворениот градски базен

Сподели со своите пријатели

По повод големиот христијански празник „Водици„ во организација на Кумановско-Осоговска Епархија, локалната самоуправа и трите пливачки клуба „Тумба“ ,„Делфин“и „Аква“ за прв пат на ден овој четврток ќе се организира пливање по крст на Затворениот  градски базен во Куманово со почеток во 12.00 часот.

Сите заинтересирани граѓани  може да се пријават во наредните денови на пријавница на Градскиот Базен, информираат од Општина Куманово.

Освен во затворениот базен, традиционално како и секоја година крст ќе се фрла и во базените на градските цркви и соборни храмови.