Кривични пријави за две лица поради тепачка во кумановски кафе бар

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Ш.К. (33) и Ш.К. (41), двајцата од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Ш.К. (33) на 26.09.2017 година околу 15.00 часот, во кафе бар на улица „Илинденска“ во Куманово со клуч за одвртување на тркала на возило го нападнал А.М.(39) од селото Черкези, а Ш.К. (41) го удирал со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.