Кривична за жител на Лојане кој поседувал нишански уред за минофрлач

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р. (29) од селото Лојане  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот на точно неутврден датум од непознато лице недозволено набавил и држел еден нишански уред со кинески ознаки наменет за минофрлач „М-63“ со калибар 60 мм. На 25.12.2015 година во с.Лојане, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот кај пријавениот каде е пронајден предметниот нишански уред и истиот бил одземен.