Кривична пријава за жител на Кокошиње поради измама

Сподели со своите пријатели

Полицијата од Крива Паланка поднесе кривична пријава против Ј.Д. (55) од селото Кокошиње – кумановско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот во текот на април 2016 година, од оштетениот С.М. (40) од с.Конопница-Крива Паланка, купил 130 јагниња, за кои на трансакциона сметка требало да му префрли 141.700 денари. На 18.05.2016 година, истиот преку правно лице „Мелани Компани“ ДООЕЛ Куманово, на трансакционата сметка му префрлил само 90.000 денари, а останатите 51.700 денри, до денот на поднесување на пријавата не биле префрлени, ниту пак оштетениот добил било каква и да е компензација во средства или храна.