Кривична пријава за вработена во кумановскиот суд

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.И. (55) од Куманово, вработена во Основен суд Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 22.09.2015 година пријавената, вработена на приемен шалтер во приемното одделение на Основен Суд Куманово, на предлог за повторување на постапката, доставен од Б.М., на првиот примерок ставила приемен печат од 22.09.2015 година без потпис, а на останатите два ставила приемен штембил од 23.09.2015 година, ги потпишала, но не ги заверила. Пријавената на овој начин придонела предлогот од страна на Судија да биде отфрлен како ненавремен, со што Б.М. бил оштетен за 40.000 евра или 2.460.000 денари за работен спор кој се водел од 2006 година.