Кривична пријава за разбојникот што ограби брачен пар во Шупли Камен

Сподели со своите пријатели

Сектор за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против О.М.(39) од Куманово за постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 01.10. годинава околу 12,30 часот во викендица во село Шупли Камен, Куманово, со закана со пиштол, кон С.Т. и неговата сопруга В.П., одзел два паричника, два мобилни телефони и возило марка „Опел Астра“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 541 .000 денари.