Кривична пријава за насилство против 42-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д. (42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 06.04.2017 година околу 00.45 часот, во ресторан во Куманово, М.Д. без повод и причина вербално се расправал со В.А. од Куманово, на кој му упатил вулгарни зборови, по што физички го нападнал, удирајќи го со тупаници во пределот на главата, при што му нанел телесна повреда, односно контузија на долната уста на оштетениот.

Од страна на присутните гости истите биле разделени, а М.Д. ја загрозил сигурноста и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.