Кривична пријава за крадец кој со репетиран пиштол ограби продавница во Иго Тричковиќ

loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.М.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „разбојништво”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 27.09.2017 година околу 19,00 часот влегол во продавница на улица „405“ во населбата „Иго Тричковиќ“ во Куманово, каде после сериозна закана, од појасот извадил пиштол којшто го репетирал и вперил во вработената, по што зел штека цигари “Малборо” и 15.190 денари од касата. На излегување од продавницата, пријавениот ја удрил вработената со пиштолот во пределот на главата и побегнал.


Последни наслови

Facebook Comments