07.03.2018 12:44

Кривична пријава до ОЈО Куманово поради обид за шверц на накит


Една кривична пријава, до Основното Јавно Обвинителство Куманово, е поднесена од страна на Царинската управа на Република Македонија против лицето Т. М., македонски државјанин, кој на ден 31.01.2018 година, како сопатник во патничко возило со италијански регистарски ознаки се пријавил на влез во Република Македонија, на граничниот премин Табановце автопат.

При извршен личен претрес на осомничениот, во предните џебови од јакната која ја носел на себе, завиткани и врзани во чорапи, биле пронајдени непријавен употребуван златен накит од различни видови и димензии, две лири и употребуван рачен часовник ROLEX-TUDOR,

Осомничениот бил предаден на судија на претходна постапка во Основен суд Куманово каде му е изречена мерка претпазливост – одземање на патна исправа.

фото: архива


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments