Кривична до ОЈО Куманово за едно право и две физички лица поради криумчарење синтисајзери

Сподели со своите пријатели

До Основното Јавно Обвинителство Куманово е поднесена кривична пријава против едно домашно правно лице и против две физички лица, државјани на Република Македонија, за сторени кривични дела „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска „измама“, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

На 23 август 2017 година при вршење на контрола во Куманово, инспекторите од Одделението за оперативни работи сопреле патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки. При контрола на возилото, царинските службеници пронашле 5 парчиња синтисајзери марка „KORG Pa4X PROFESSIONAL ARRANGER“ со вкупна вредност од 584.250 денари, за кои пријавените не поседувале соодветна царинска документација со која можат да докажат дека за истите се платени царинските давачки во Република Македонија.

По прибирање на сите релевантни докази е утврдено дека пријавените поседувале стока од поголема вредност – во износ од 584.250 денари, иако знаеле дека истата била предмет на криумчарење.