Критика за Сорос поради лобирање за јакнење на интеграциите во еврозоната

Сподели со своите пријатели

Милијардерот и активист Џорџ Сорос се сретнал со челниците на Европската централна банка за да разговара за зајакнување на интеграцијата на еврозонат,а што предизвика критики од страна на некои европратеници, кои се плашат дека тој сака да влијае на чувствителни политички прашања.

Сорос е стар заговорник на европското единство, а неговото заговарање на либералните политики и отворени граници во текот на изминатите децении му создадоа многу непријатели, вклучувајќи го и националистичкиот унгарски премиер Виктор Орбан и некои поддржувачи на Брегзит.

Leave a Reply