12.01.2018 02:01

Криптовалутите претрпеа удар од 106 милијарди долари


Водечките светски криптовалути, меѓу кои биткоин, рипл и етереум, претрпеа голем удар, по веста дека Јужна Кореја подготвува забрана на дигиталните валути.

Вредноста на биткоинот утринава падна за 6 отсто, на етереум за над 11 проценти, а валутата рипл за 9% во однос на ценовните нивоа на кои беа ден претходно, според податоците на порталот Coinmarketcap.com.

Криминалците се откажуваат од Биткоин и се свртуваат кон нова криптовалута

Јужнокорејскиот министер за правда Парк Санг Ки изјави дека неговото министерство подготвува закон за забрана на тргувањето со криптовалути, пренесува американската мрежа CNBS.

Пет минути по веста, вредноста на целокупниот пазар на криптовалути падна за околу 106 милијарди долари во однос на пазарната капитализација од почетокот на денешниот ден.

Јужна Кореја е едно од клучните места за тргување со криптовалути.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments