08.01.2018 21:10

Криминалците се откажуваат од Биткоин и се свртуваат кон нова криптовалута


Биткоинот очигледно стана премногу популарен што започна да им пречи на криминалците кои сега се свртуваат во помалку познати криптовалути, стои во новиот извештај на Европол.

Како во последните неколку месеци популарноста и вредноста на Биткоинот повеќекратно скокна, полициските служби започнаа повеќе да се занимаваат со оваа криптовалута.

 

Биткоинот добива сериозна конкуренција: Нова криптовалута станува се посилна (видео)

 

Извршниот директор на Европол, Еоб Ваинврајт, објави на Твитер дека оваа година ќе дојде до зголемување ан криминалната употреба на другите криптовалути. Додава и дека оваа промена на фокусот на криминалците претставува уште поголем предизвик за сузбивање.

Ескерптите наведуваат дека Биткоинот едноставно станува премногу мејнстрим и со самото тоа премногу ризичен за криминалците. Тоа што Биткоин константно е во вестите може да биде корисно за инвеститорите, но тој ентузијазам не го делат неговите најстари корисници – криминалците. Тие поради тоа се свртуваат кон алтернативи во вид на не толку популарни криптовалути кои не се под лупата на полицијата.

 

 

Криптовалута која гарантира анонимност

Токму таа зголемена активност на полицијата довела до зголемен број на приведувања селдејќи ги трансакциите на биткоинот, пренесува Европол.

Компаниите како „ELlliptic“ и „Chainalysis“ се специјализираат за следење на Биткоинот, поврзувајќи на тој начин компании и поединци и тоа во соработка со полицијата.

Иако најпопуларната криптовалута не е лесно да се следи, секоја трансакција пружа трага која може да доведе до ИП адресата на компјутерот кој испраќа и прима трансакции. Тие информации се доволни да се идентификува кој стои зад трансакциите. Ова не е случај со некои други криптовалути кои ги кријат своите трансакции.

КООСНОВАЧОТ НА БИТКОИН: Ги продадов сите биткоини, бескорисни се

Европол означил неколку криптовалути кои се се попопуларни помеѓу крминалците. Тоа се monero, ethereum, dash i zcash.

Како известува Европол, биткоинот до првите две години покривал 90 отсто од пазарот со криптовалути. Денес спаѓа на третина, т.е. околу 36%.

Од друга страна, Монеро е лансиран во 2014 година и нуди поголемо ниво на приватност. Поради тоа практично е невозможно да се поврзат трансакциите со корисникот или ИП адресата. Монеро токму од тие причини е омилена валута на црниот пазар, а станува се повеќе популарен и како монета која бара прилика за плаќање на „ransomware“ откуп.

Вредноста на оваа криптовалута се движи од 400 долари, додека моментално вреди 386 долари. Интересно е што пред само една година вредноста на оваа криптовалута била само 16 долари.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments