КРЕАТИВНО: Ова се сексуалните фантазии на жените во брак

Сподели со своите пријатели

Можеби нивната креативност се буди поради тоа што секогаш практикуваат секс само со еден ист парнер, а можеби некои работи едноставно никогаш не се менуваат.

Сепак, сексуалните фантазии не исчезнуваат кога ќе се впуштите во долг и цврст брак. Баш спротивно, тоа е совршено време за остварување на сите мали сексуални желби, а овие пет се најчести меѓу мажените жени.

Колку треба да трае сексот за да жената доживее максимално уживање?

Loading...

Губење контрола

Можете тоа да го наречете ефект „Педесет нијанси сиво“, но многу жени сакаат да ја препуштат контролата на мажот. Сакаат тоа да го направат и пред да била нашишана оваа книга. Ако сте расположени за врзување и превези на очите, не грижете се, се наоѓате во милионско друштво.

Секс на необично место

Уживањето во спалната соба е во ред, но понекогаш жените сонуваат за секс на необични места. Високо на листата посакувани локации е секс во хотелска соба со поглед на океан, секс на плажа, секс на кујнска маса или сензуално истражување на телото на партнерот во када.

Ниту предигра, ниту оргазам: Ова е најдобриот дел од сексот

Секс со странец

И во врска жените сонуваат за секс со згоден странец, односно за жешки игри без обврски и притисок на секојдневицата. Поделете ги вашите желби со партнерот, па препуштете се на ова сочно сценарио заедно. Одглумете странци кои прв пат се запознаваат во ноќта, па изнајмете соба во некој евтин хотел и препуштете се на забавата.

Играње улоги

Жените сакаат униформи и развиени машки тела. Без оглед дали се работи за згоден лекар кој е подготвен да ве прегледа, секси професор или тренер од теретана, со неколку промени на костимите сите овие „фраери“ можете да ги имате во спалната соба.

И во сексот има трендови: Кој е моментално најпопуларниот вид на секс?

Секс на јавно место

Една американска студија покажала дека дури 60% од жените сонуваат за секс на јавно место. И додека ретко која жена на својот маж ќе му шепне дека сака да има секс во преполн ресторан, поголемито дел немаат ништо против фантазирањето за секс на некое место каде во секој момент можете да бидете откриени.