Креатинот го зголемува вашиот коефициент на интелигенција

Сподели со своите пријатели

Популарниот додаток на исхрана креатин значително го подобрува вашиот коефициент на интелигенција, како и работата на меморијата. Тој често се користи од страна на спортистите за акумулација на мускулна маса. Но тоа не е единствениот ефект.

За истражување намерно биле избрани вегетaрианци и вегани. Тие добивале креатин како додаток на својата диета.
“Избравме специјално вегетаријанци и вегани, бидејќи оние кои консумираат месо и животински производи, набавуваат различни количини креатин (во зависност од количината и квалитетот на месото кое го консумираат) – објаснува д-р Карлајн Рај, авторка на истражувањето.
– Иако за да ги достигнат нивоата на адитивите во овој експеримен, тиe ќе треба да земат околу 2 кг месо на ден!”, додава таа.

Креатинот беше природен избор за истражување, бидејќи “тој игра клучна улога во одржувањето на енергетските нивоа во мозокот. Затоа, хипотезата дека додатокот на исхрана креатин може да помогне во функционирањето на мозокот е разумна “, додава таа.

Додатокот на креатин е тестиран околу 6 недели, при што учесниците земаа 5 гр креатин дневно.

Луѓето кои земале креатин извршиле значително подобар на тест на моќта на мозокот, а резултатите биле добро измерени. На пример, при остварувањето на меморирањето на долги броеви, како телефонски броеви, резултатот е подобрен од просечно 7 цифри на 8,5 цифри.

Leave a Reply