31.01.2018 21:56

„КРАЖБА НА ВЕКОТ“: Во Шпанија украле четири тони портокал (фото)

loading...

Шпанската полиција вратила четири тони украдени портокали, откако полициските службеници пронашле два автомобили и комбе, кои биле наполнети со овошје.

Петмина се приведени во Севиља, но по краткото испрашување не можеле да ги наведат причините од каде им се портокалите.

Еден од осомничените рекол дека ги пронашле на земја. Останатите се обиделе да ја поддржат неговата приказна и рекле дека ги собирале за време на долгото патување.

 

 

Освен тоа, објасниле дека ги носат за свои потреби. Сепак, полицајците ги привеле затоа што немале потребни документи за транспорт на толкава количина овошје.

Подоцна е откриено дека овошјето е украдено од складиште во блискиот град Кармони.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments