Кралот веќе 22 години живее во дворец од песок (видео)

Сподели со своите пријатели

Матолијас е самец и нема деца, се дружи со луѓето кои ја посетуваат плажата и ужива големо почитување. Толкаво што локалците го нарекуваат „Крал“.

Марсио Мизаел Матолијас веќе 22 години не плаќа кирија за становите во Рио де Женеиро. Сето тоа време овој човек живее во својот дом кој го направил од песок.

Песочниот замок го изградил на плажата Бара де ТуКа, а си направил и круна за да целата приказна биде автентична.

На продажба чуден остров на кој не живее никој веќе 80 години (видео)

Loading...

Кралот без проблеми позира со туристите пред својот замок.

– Пораснав во заливот Гуанабара, отсекогаш живеев на плажа. Луѓето плаќаат големи суми за станови во близина на море, а јас немам ниту сметки и животот овде ми е убав, вели овој 44-годишник.

Во внатршноста на замоко има простор од само три метри квадратни, но Матолијас вели дека тоа е доволно простори за неговите работи, вклучувајќи и голем број книги.

https://youtu.be/ZX6vi6OOLxg