Крадец за Божиќ „се почестил“ со 1,4 милиони денари

Сподели со своите пријатели

На 05.01.2017 година во 23,15 часот во СВР Куманово, Р.Н.(54) од Куманово ул.„Јане Сандански“, пријавил дека на 05.01.2017 година во времето од 18,20 до 23,10 часот во неговата куќа на ул.„Малотино“, во Куманово, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на тој начин што ја прескокнал оградата од дворот, влегол во куќата, извршил пребарување по собите, се симнал во подрумската просторија каде насилно ја отворил вратата и по извршено пребарување од под кауч одзел 240.000 денари, 4.200 евра во разни апоени и разновиден златен накит, а потоа го напуштил лице местото.

Со тешката кражба причинета е материјална штета од 1.422.700 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.