Костоски го напушта КК Куманово!

Сподели со своите пријатели

Александар Костоски по неколкуте сезони минати во Куманово ќе ги напушти редовите на актуелниот вицешампион на Македонија. Репрезентативниот плејмејкер својата кариера ќе ја продолжи во Романија, каде ќе го облече дресот на прволигашот од оваа земја, Пицешти, пишува порталот Екипа.

Раководството на романскиот клуб веќе извесно време се интересираше за услугите на Костоски. Одличниот плејмејкер во текот на летото реши да потпише договор со Куманово, но сега сепак се реши за нов интернационалец предизвик. Тој ќе настапи за кумановци на следните два натпревари, против Фени индустри во Првата лига и потоа против Сигал Приштина во БИБЛ, што ќе биде негова последна средба на домашен терен, пред верните „кумани“ чиј миленик беше репрезентативецот во изминатите години.

Дури потоа Костоски ќе замине за Романија, каде ќе го потпише договор со тимот Пицешти. Станува збор за екипа што моментно се наоѓа на делба на четвртото место во романскиот шампионат, која со ангажманот на Македонецот најавува битка за висок пласман сезонава. Кошаркарот на Куманово би требало да го замени Мик Кабонго, канадскиот плејмејкер кој се наоѓа пред заминување од Пицешти.