Косовец протеран од Македонија поради измама со пасош

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, поточно во 08,20 часот на ГП„Табановце“, на излез од РМ, со автобус допатувал Ф.И.(23) од Р.Косово, кој на пасошка контрола приложил македонска патна исправа.

Loading...

По извршената контрола констатирано е дека се послужил со туѓа исправа, а истиот евидира дека влез во РМ остварил со неговата косовска ПИ преку ГП„Долно Блаце“.

Ф.И. е лишен од слобода и против истиот е поднесена соодветна пријава со која е предаден на ОС – Куманово каде му е изречена прекршочна санкција и мерка „протерување“ во траење од две години.

 

Leave a Reply