Кошаркарите на Куманово со повреди пред почетокот на Супер купот

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово и Работнички во петок со почеток во 18 часот во Спортската сала во Кавадарци ќе ги одмерат силите во рамките на Кошаркарскиот супер куп на Македонија.

Тоа ќе биде еден од најнеизвесните и најинтересните натпревари во Супер купот, но во таборот на КК Куманово порблеми со повреди.

Очекувам доста тежок и неизвесен натпревар. За екипата на Работнички не треба да се збори многу, знаеме какви кошаркари и тренери има. Имаат искусни играчи кои потпомогнати од млади играчи чие време допрва доаѓа. Но и ние имаме квалитети, но имаме мал проблем затоа што имаме повреди. Тројца се надвор од терените, или ако тренираат – тренираат со слаб интензитет. Очекувам кој состав и да се појави во Кавадарци, да даде максимум – изјави Србиновски.

Тренинзите во текот на целата недела се напорни, но кошаркарите се чувствуваат подготвени и ветуваат дека ќе дадат се од себе.

Како капитен можам да потврдам дека оваа недела трениравме доста за овој турнир. Доста внимание се насочи на тактиката и одбраната. Според мене, оваа година Работнички е доста квалитетна екипа, но со голема борбеност и желба може да дојдеме до победа – изјави Марјан Јанески, капитен на КК Куманово.

Проблеми има и во ростерот на Работнички, од каде велат дека во натпреварувањата ќе влезат растеретено, но ќе дадат свој максимум.

Имаме големи проблеми околу ростерот, тројца играчи кои се главниот столб – Илиевски, Мираковски и Тасовски. Илиевски е под знак прашалник, имаме проблем со ростерот на екипата. Но, во Купот секогаш има изненадување во резултатите. Со добра игра и мотивација ќе направиме голем успех за нас. Не може да го предвидиме исходот, но треба да одиме чекор по чекор“, изјави Перо Блажевски, претставникот на Работнички.