22.11.2016 20:27

Кошаркарите на Куманово незапирливи: Победа против Теодо


Кошаркарите на Куманово се уште не знаат што значи поарз во БИБЛ Лигата, откако вечерва ја остварија петатта победа по ред на гостински терен совладувајќи го составот на Теодо од Црна Гора со резултат 73:65.

Сино-белите натпреварот го започнаа со водство од 10:2, кое домашните кошаркари се потрудија да го намалат и да пристигнат до израмнувањее со 15:15, но со двата поени на Стефан Живановиќ, кошаркарите на Куманово веќе на крајот на четвртината имаа водство од 17:15.

Втората четвртина водството го презедоа кошаркарите од Теодо кога победоа со резултат 19:21, но сепак со одличната игра на избраниците на тренерот Србиновски сепак на полувреме се замина со резултат 35:28, односно предност за кумановци од седум поени.

Ништо не беше поразлично ниту во третиот дел од натпреварот каде кумановци го задушија противникот и не дозволија да уфрлат повеќе од 12 поени во 10 минути игра, за да во последната четвртина од натпреварот влезат со резултат 57:40.

На две минути пред самиот крај, кошаркарите на Куманово водеа со осум поени разлика односно резултат 69:57, за да на крајот брилираат со 73:65 и ја впишрат петтата победа во рамките на Балканското првенство.

Најдобар играч во тимот на Србиновски беше Миладин Пековиќ со 17 поени, а веднаш по него со двоцифрен број поени се Данило Мијатовиќ со 15, Стефан Живановиќ со 13, а по 10 поени запишаа Димитар Караџовски и Радослав Пековиќ, додека со 22 поени за домашниот состав најдобар беше Маројевиќ.

Куманово со оваа победа само ја зацврсти лидерската позиција во групата А, каде од пет одиграни натпревари не бележи ниту еден пораз. Следниот меч во БИБЛ лигата, сино-белите го играат дома веќе следната недела против составот на Сигал Приштина од Косово.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments