Кошаркарите на Куманово гостуваат кај Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска од 16 часот во рамките на седмото коло од домашниот шампионат ќе си ги одмерат силите со составот на Кожув од Гевгелија.

По неколкуте неуспешни обиди на домашен терен да дојдат до победа, денеска ќе се обидат тоа да го сторат на гостински терен.

Засега од шестте одиграни натпревари бележат две победи и четири порази што ги става на осмото место во табелата, додека нивниот денешен противник е на десетото со една победа од досегашните одиграни натпревари.