Кошаркарите на КК Куманово одат на заслужен одмор (галерија)

Сподели со своите пријатели

По исцрпната и по многу што, тешка сезона, кошаркарите на КК Куманово одат на заслужен одмор. Фактот што екипата после 13 години успеа повторно да се пласира во финале на домашната кошаркарска лига, за кошаркарите на КК Куманово значи повеќе од победа, велат тие.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”64″]

 

Горди на својот тим, кошаркарите веќе од понеделник заминуваат на заслужен одмор, со повторно среќавање и отпочнување на подготовките од 15 до 25 август.

Со завршување на овогодинешната сезона, управата на КК Куманово веќе од следната недела ќе започне со интензивни подготовки за нови договори за следната сезона, со најави да го задржи скелетот на моменталниот состав, од причина што, истиот состав на КК Куманово му донесе влез во домашното финале.

За кумановчани, КК Куманово и покрај освоеното второ место во домашната лига, кошаркарите се морални победници, ако се земе во предвид неправдата со мерење на времето во Куманово и фактот што и покрај скромните средства со кои располага тимот, тие сепак успеаја да го достигнат својот спортски врв.

 

Loading...