Кошаркарите на Бал фор Лајф на прием кај градоначалникот Дамјановски (фото+видео)

loading...

Кошаркарите на клубот Бал фор Лајф вчера беа на прием во Општина Куманово, каде ги пречека првиот човек на градот Зоран Дамјановски кој им ги честиташе успесите постигнати во текот на изминатата сезона, како и пласманот од трета во втора кошаркарска лига на Македонија.

 

 

Дамјановски на претставниците на клубот им вети дека ќе се заложи да ја поддржи нивната иницијатива за учество во учество на натпреварувањата.

Од година во година со напори, еве од трета влегувате во втора лига со моја желба следната година да го повторите успехот и да влезете и во прва лига, бидејќи кошарката е еден од најобожаваните, најпочитуваните и напосетените спортови во Куманово, знаете дека имаме видни резултати, меѓутоа Куманово како кошаркарски град има потреба од нови екипи, очигледно е дека граѓаните сакаат кумановски играчи, вашата заложба ја има мојата поддршка, честитки од мое име и граѓаните за вашиот ентузијазам, ви ветувам дека ќе ви дадеме и поддршка од наредната година, дека ќе ви обезбедиме услови за тренажни процеси, како и на други екипи кои имаат статус на прволигаши и второлигаши, ќе направиме реорганизација за вашите потреби за транспорт на играчи кога играте на гостување и ќе направам средба со претседателот на Сојузот на спортовите и да направиме редистрибуција на средства за да можеме следната година да ве подржиме минимално и финансиски – вели Дамјановски.

 

Од академија за кошарка, со личните вложувања Дарко Петковски Спејко го создаде клубот кој дебитираше оваа година во третата лига, постигна врвни резултати и не забележа пораз пред домашната публика.

Оваа година имаме најголем успех, влеговме во втора лига што и го зацртавме кога стартувавме со целиот проект, благодарност за приемот, ни значи вашата поддршка која ни ја ветивте и се надевам дека од септември ќе бидеме уште посилни и целта која ќе ја зацртаме со стручниот совет и играчите ќе се оствари и се надевам дека следната година ќе седнеме да прославиме и влез во првата лига – вели Спејко.

 

Инаку Филип Стојановски од клубот стана дел и од младинската македонска кошаркарска репрезентација, благодарение на одличните резултати кои првин ги покажа во КК Куманово, а пред се сезонава во Бал Фор Лајф.


Последни наслови

Facebook Comments