Корпа од багер усмрти кумановец

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 14,00 часот во селото Отља – Куманово, во стовариште за градежни материјали „Еуро Химо“, сопственост на И.Ф., додека Љ.Ф. поправал работна машина (багер) која била во дефект, паднала корпата од багерот врз работникот А.А. (24) од с.Оља кој од здобиените повреди починал на лице место, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Куманово.