Комунистички афери: Блуд, секс и разврат на црвената буржоазија

Сподели со своите пријатели

Светските познати политичари ги бие глас дека се „валкани“ и дека сакаат перверзии. За љубовниот живот на Јосип Броз Тито кружат многу приказни.

Книгата на Стјепан Џурековиќ „Јас, Јосип Броз Тито“, без сомнение е најнеобичната книга која емиграцијата некогаш ја издала за Тито.

Книгата е вистинска „енциклопедија“ на политички,приватни и сексуални трачеви за Тито и неговите најблиски соработници. Вистинска еротска Илијада со многу контроверзии, оргии и егзекуции.
Најшокантното тврдење во книгата вели дека во една прилика Тито бирал која балерина ќе ја однесе во кревет.

„Кога Тито во предвечерието се вратил од прошетка, ги затекнал Ранковиќ и Џилас како се забавуваат со многу девојки. Тито на брзина оценил дека има околу четирнаесет. Била тоа балетска група од Љубљана која малку пред тоа го допремиле Ранковиќ и неговите луѓе со специјален автобус. По танцот, Тито почнува да си замислува какви би биле во кревет“, пишува во книгата.

Силвио Берлускони е уште еден контроверзен политичар.

Постојат бројни гласини за неговите сексуални испади со малолетнички заради кои заврши и на суд.
Во италијанскиот речник влегол и изразот „бунга-бунга“, како што Берлускони ги нарекувал забавите на кои богатите Италијани доаѓале само со најскапите проститутки.

Многу зад нив не заостанува ни Момер Гадафи.

Тој бил зависник од вијагра и секс. Сексуално злоставувал малолетни момчиња и се обидувал да ги заведе сопругите на странските амбасадори.

Азискиот диктатор, Мао Цедунг наводно бил педофил, а Ким Јонг Ли наводно имал дури 2000 жени расположливи за да му ги исполнат сите сексуални фантазии.