Компаниите кои вршат градски превоз ќе извршат реновирање на постојките, реагира Дамјановски

Сподели со своите пријатели

Компаниите кои вршат градски превоз во следните три години ќе извршат реконтструкција на автобуските постојки во градот, ова денеска го соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски како реакција на прес конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кои посочија дека иако ветени, постојките се уште не биле реновирани.

Договорот е потпишан на 02.01.2017 година помеѓу давателите на услуга, превозници на линиски транспорт и Општина Куманово, каде во член 4 од договорт се задолжуваат превозниците да ги уредат, изградат или реконструираат јавните постојки за јавниот превоз во улиците: „11 Октоврми“, „Трета МУБ“, „Октомвриска Револуција“, „Никола Тесла“, „Долно Којнаре“, ул. „Гоце Делчев“, „Народна Револуција“, „Тоде Думба“, „Видое Смилевски Бато“, „11 Ноември“, „Индустриска“, „Тоде Мендол“, „Благој Илиев“, „Михајло Пупин“, „Ѓорче Петров“, каде имаме и проширување на еден дел, значи има една плејада на постојки, бројчано над триесетина, Во членот 5 од самиот договор јасно се укажува дека во првата година, 2017та, ќе бидат реконструирани и доизградени 50% од постојките, во втората година 30% од постојките, а во третата година ќе биде завршен дадениот габарит на постојки во договор со превнозниците – вели Дамјановски.

Доколку превозниците не ги реконструираат постојките, општината ќе им ги одземе лиценците за вршење транспорт на патници.

Одговорно тврдам пред кумановската јавност, дека неизвршувањето на договорот ќе значи укинување на лиценците за линиски транспорт, а тоа ќе има далекусежни последици за самите рпевозници и мислам дека тука во оваа фаза нема место за избегнување на одговорноста на превозниците кон Општина Куманово. Тоа мора да се заврши, тоа не е моја желба, тоа беше договор со Секторот за урбанизам и комунални дејности и самите превозници кои ги добија тие лиценци, како услов за партиципирање за лиценца, претходно беше направен договор на кој тие се обврзаа. Фактички тоа е инструмент на самите превозници за нивно комотно и нормално граѓанско функционирање на линискиот превоз, бидејќи ако ги немаме тие заштитни постојки кога луѓето кога е ладно или топло мора да бидат заштитени под некој покрив, на тој начин тоа е дел од самиот проект за линиски превоз – вели градоначалникот Зоран Дамјановски, кој додаде дека ќе се прават напори за редовни линии и светлосна сингализација која ќе го покажува возниот ред.

Како што додаде Дамјановски, локалната самоуправа е свесна за сообраќајниот хаос во градот и нерешениот сообраќаен пристап, но тоа е генерален системски проблем. Воедно тој истакна дека локалната самоуправа изготвува и сообраќајна студија која треба да изнајде решение на овој проблем.

Хаосот е резултат на еден собораќаен профил на улиците кој е недозволив за оваков голем број на возила. Но, ние отпочнавме нов процес за припрема на генералниот урбанистички план, неколку фази, имаме фирма која дава донација во однос на катастарски подлоги, содржинскиот дел на ДУПот, но сообраќајната студија, влијание на животна средина, конзерваторски услуги кои се малку поскапи набавки од самата изработка на генралниот план, мора да бидат дел од нашата набавка која ќе биде сукцесивно. Многу брзо очекувам со сообраќајната студија да се разрешат сите дилеми и режими на сообраќајот во Општина Куманово – додава Дамјановски.

Инаку улиците во Куманово се направени кога градот имал околу 10.000 возила, а сега нивната бројка според последните податоци е поголема од 30.000, а место за проширување на коловозите нема.

фото: архива

Loading...