Комедијата „Идиоти“ ќе ја отвори новата сезона на кумановскиот театар

Сподели со своите пријатели

Претставата „Идиоти“, работена според едночинки на Муза Павлова, а во режија на Мирослав Петковиќ ќе биде комедијата која ќе ја отвори новата сезона во Театар Куманово, по кратката летна пауза.

Претставата ќе се игра на 5 септември со почеток во 20 часот, а истата ќе има хуманитарен карактер. Тоа значи дека сите парични средства кои ќе бидат соберени со продажбата на билетите ќе бидат донирани за поплавените подрачја од скопскиот регион.

Наскоро се очекува и целосно финализирање на програмата за претстојниот втор дел од сезоната за 2016 година.

 

Loading...