Командант Пантери: Шенаси Мемети е разузнувачот со кој соработуваше групата (видео)

Сподели со своите пријатели

На косовската државна телевизија во емисијата „Паротла“, командант Пантери, вербално беа нападнати и обвинети македонски тајни агенти кои наводно се среќавале со водачите на кумановската група осомничена за тероризам.

Loading...

Хамди Ндрецај алиас Пантери не е во сродство со Мирсад Ндрецај загинатиот командант НАТО, јавува Телма.

Тој спомнува имиња на македонски политичари, агенти и функционери кои според него се вклучени во кумановскиот инцидент.

Во меѓувреме, не запираат контраверзните информации за упадот на косовските терористи во Куманово, која била нивната цел, и кој ги повика и зошто. Во Приштина загинатите екстремисти беа прогалсени за херои, додека ОН ги третираше како терористи.

Истовремено во Македонија се заплеткува случајот со објавувањето на информациите за соработката на  македонски тајни служби со косовската терористичка група.

Ви пренесуваме дел од интервјуто на Хамди Ндрецај (Пантери) за  косовската државна телевизија во емисијата „Паротла“.

Новинар: Има еден клучен човек, висок претставник на македонската тајна служба кој дошол и се видел со Вас во Феризај (Урошевац)?

Хамди Ндрецај (Пантери): Да, тоа е точно.

Loading...

Новинар: Кој е тој човек?

Хамди Ндрецај (Пантери): Тоа е Шенаси Мехмети за кого на почеток не знаев дека работи за македонската тајна служба. Но ден по средбата прашав еден човек во Скопје и тој ми рече дека тој е директно пратен од Рафис Алити, пратеник на ДУИ и од шефот на македонската тајна полиција.

Новинар: Во прислушуваните разговори на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај се чувствува дека тие знаат дека тој е агент на Сашо Мијалков.

Хамди Ндрецај (Пантери): Да.

Пантери тврди дека се откажал да биде дел од кумановската група поради учеството на тој агент (Шенаси) во разговорите во кои (Шенаси) ветувал планови без крв и без борби да бидат заземени неколку полициски станици во Македонија. Пантери во македонските медиуми последен пат се спомнува лани во ноември како командант на гарда на Илирида, а претходно и како извршител на неколку кривични дела. Шенаси Мехмети е вработен во Агенција за разузнавање, потврдија за Телма безбедносни извори.

Пантери го спомнува Шенаси во интервјуто како човек со кого се сретнал во Феризај (Урошевац) во автомобил БМВ со скопски таблички и како разговарале за активности во Македонија. Пантери спомнува и прислушувани разговори, а весникот Коха Диторе наведува дека токму преку прислушувани разговори косовската полиција открила дека кумановската група сака да ослободи двајца озлогласени криминалци од затворот во Подуево за да заминат за Сирија. Станува збор за затворениците Бедри Красниќи и Башким Баша. Красниќи извршил убиство на полицаец и киднапирал косовски бизнисмен, додека Баша покрај вооружени грабежи се заканувал на косовски врховен судија, тврди Телма.

Бедри Красниќи од затворот во Подуево на 12 април преку телефон разговарал со лице од Косово на кое му објаснувал дека за инцидентите во Македонија може да среди купување на оружје за 3 илјади евра. Од затворската ќелија Красниќи тврдел дека може да помогне во набавка на десет парчиња експлозив за Македонија, пишува приштинска Коха Диторе која најави дека утре ќе објави за што зборувале 4-ца припадници на кумановската терористичка група со вработени во македонската тајна полиција, пишува Телма.

Извор: Репортер.мк

Leave a Reply