Колку калории трошиме кликајќи на глувчето?

Сподели со своите пријатели

На оние кои се секој ден „заглавени“ пред работното биро по минимум 8 часа, сигурно ќе им се допадне оваа вест. Во новото истражување т.н. „Конвертирај сѐ во калории“, објавено од страна на сајтот PHP Science World Shinsho, е пресметано колку и како трошат калории работниците кои работат покрај биро, во текот на еден просечен работен ден. Според истражувачите, калории се согоруваат и со кликање на глувчето од компјутерот.

Колку калории има во едно парче пица?

Loading...

Овој резултат е добиен врз основа на просечната величина и тежина на показалецот и силата потребна тој да се придвижи.

Пресметано е дека во просек трошиме 16,7 микромоли АТП (Аденозин трифосфат, молекул кој транспортира енергија во клетките) за да придвижиме грам мускули во секунда. Со оглед на тоа дека збирот на мускули потребни да се свитка показалецот изнесува 11,7 грама, при кликањето на глувчето трошиме 195 микромоли АТП (11,7гx16,7 мол/г). Има 7,3 калории во еден мол АТП енергија, така што бројот на согорени калории со едно кликање на глувчето, изнесува 1,42 калории (7,3/1.000) x 195).

Со едноставни зборови кажано, трошите 1,42 калории по клик. Тоа значи дека ако кликнете 2.500 пати, можеби ќе согорите половина килограм.

Што се случува со нашето тело кога седиме по цел ден?

Друго истражување на Харвардските здравствени публикации, открило дека со 30-минутна работа на компјутер, трошиме 40-50 калории, во зависност од телесната тежина.

Добиените резултати не се доволно позитивни за сите оние што согоруваат стотици калории по тренинг, да се откажат од посетување на салата за вежбање и да почнат да „топат“ калории сурфајќи на интернет од удобноста на нивниот стол, но е добро да се знае дека табелата во Ексел, не ви го вежба само мозокот.