Колку калории треба да внесуваме дневно?

Сподели со своите пријатели

Летото веќе “тропа на вратата” и на дневен ред за оние кои сакаат да се здобијат со совршено  ” тело на плажа” се диетите. Излегува сепак, дека многу луѓе се во незнаење за еден од клучните аспекти на секој режим за слабеење – калориите, пишува “Дејли експрес”.

Авторите на новото истражување утврдиле дека меѓу значаен број индивидуи владее конфузија за тоа што треба да консумираат секој ден според советите за здрава исхрана.

Благодарение на “чистата исхрана” и купиштата модни диети, разбирливо е зошто многу луѓе не знаат на кои препораки да веруваат, забележуваат авторите на истражувањето од “Benenden”.

Анкетата опфатила 2000 Британци и покажува дека 44 проценти од луѓето не се свесни колку калории треба да внесуваат секојдневно.

Изненадувачки учесниците на возраст меѓу 18 и 24 години се покажаа како повеќе освестени за прашањата за здрава исхрана – двајца од тројца знаеле каков треба да е нивниот секојдневен внес на калории. За споредба – над 50 проценти од испитаниците на возраст над 45 години немале идеја колку калории треба да примаат секој ден.

Според британската Национална здравствена служба мажите треба да примаат 2.500 калории дневно, за да се задржи нивната тежина, а жените – 2000 калории. Во производи разликата е еквивалентна на две јајца и две банани.

Не е изненадување дека дамите се посвесни по прашањето со калориите – 67 проценти од нив наспроти 45 проценти од мажите знаат каков треба да е нивниот секојдневен прием.

Анкетата открива уште дека импресивните 83 проценти од луѓето не знаат колкаво е препорачаното дневно количество шеќер, а 77 проценти немаат поим колку сол треба да консумираат секој ден.

Од анкетата станува јасно исто така, дека 45 проценти од учесниците не прават разлика меѓу природниот и рафиниран шеќер, а 55 проценти не знаат дека слатките компири се богат извор на јаглехидрати.