Коледарите по 19. пат со зурли и тапани го одбележаа Бадник (фото)

Сподели со своите пријатели

Со зурли и тапани и греена ракија по 19 пат членовите на здружението на граѓани „Коледари“ денеска пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележаа Бадник.

 

Loading...

 

Стотина граѓани излегоа да го прослават големиот христијански празник во центарот на Куманово. Најпрвин беа на литургија во храмот „Свети Никола“ од каде со музика пристигнаа пред Центарот за култура, каде продолжи одбележувањето на празникот.

– Многу ми беше драго што бев кум, годината беше екстра успешна, посакувам се најдобро на новиот кум Ивица Антевски, посакувам да биде најдобар што може да биде, да шири добра и позитивна енергија во семејството и поширокот, изјави претходниот кум Мартин Јакимовски.

 

 

Кум на овогодинешната прослава е Ивица Антевски, кој вели дека е чест да се биде кум на прославата.

– Годинава здружението ме избра мене за кум, би сакал да продолжам таму каде стариот кум застана, би сакал на целиот православен народ, среќа, здравје и успех во годината што претстои пред нас. Пресреќен сум и традицијата би ја продолжил како претходниот кум и би посакал на сите православни граѓани само среќа и веселба во оваа година, изјави Антевски.

 

Loading...

 

На денешната прослава беа поделени и бадниковите гранчиња, кои пред десетина дена здружението ги набра во месноста Забел, а за присутните граѓани имаше и греена ракија, чај и вино.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...